Connect with us

Фудбал

Дали е на повидок бомба во Италија: Берлускони го носи Ибрахимовиќ за следната сезона?!

Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ следната сезона би можел да игра за Монца, пренесуваат италијанските медиуми.

Легендарниот шведски репрезентативец кој има 40 години има договор со Милан кој истекува на 30 јуни годинава.

Златан неодамна изјави дека нема намера да стави крај на својата играчка кариера, бидејќи сака да игра на Европското првенство во Германија следната година, доколку Шведска се квалификува.

Пред десет дена, во поразот на Милан од Удинезе со 3:1, Ибрахимовиќ стана најстариот стрелец во историјата на Серија А.

Италијанските медиуми пренесуваат дека се уште не е познато дали Милан ќе му понуди продолжување на договорот, но затоа Монца е подготвена да соработува со Ибрахимовиќ.

На чело на Монца се Силвио Берлускони и Адријано Галијани, поранешни челници на Милан, кои се во пријателски односи со Ибрахимовиќ.

Монца моментално се наоѓа на 13. место на табелата и има големи шанси да избори опстанок во Серија А.