Connect with us

Фудбал

Дали е ова најлошиот пенал некогаш изведен? Таков срам не се памети (ВИДЕО)

Вилфред Заха своевремено важеше за голема ѕвезда на англиската ПЛ.

29-годишниот фудбалер на Кристал Палас постигна гол за 1-1 на натпреварот против Норич, но го реализираше и еден од најлошите пенали на сите времиња.

Самоуверено го упати Заха кон топката, шутираше, но ударот беше толку катастрофален што заврши далеку крај голот.

Публиката секако беше во делириум. Несреќниот Заха не можел да поверува што му се случило и беспомошно мавтал со рацете.

Ова е дефинитивно еден од најлошите пенали некогаш изведени бидејќи ѕвездата на Кристал Палас прилично се посрамоти.

Заха оваа сезона одигра 19 натпревари за Палас и има учинок од шест гола и една асистенција.