Поврзи се со нас

Фудбал

Дали ФФМ ќе му го продолжи договорот на Ангеловски? „Јас ја завршив работата, ама досега никој не спомнал за нов договор!“

Македонската фудбалска репрезентација, за прв пат во историјата оваа година се пласираше на европското првенство во фудбал. Практично, ова беше и голема радост за сите, бидејќи само фудбалската репрезентација не беше пласирана на европско.

Селекторот Ангеловски за полски „Спорт“ објасни дека во моментов немал никаков разговор, ни преговори за нова соработка после остварувањето на историскиот успех.

„Мојот договор завршува на крајот на годинава. Јас ја завршив работата. И сите знаат дека сакам да го водам овој тим на Европското првенство. Досега, никој не разговарам со мене дали ќе останам на позицијата и што ќе се случува понатаму. Сега е на другите (ФФМ – н.з.) да го направат следниот чекор“, истакна Ангеловски.

„Верувам дека Македонија ќе покаже што може и дека тој пласман на ЕП е заслужен. Не ме интересира тоа што нѐ ставаат во кругот на најслбите селекции на турнирот. Јас сонувам да ја поминеме групата и никој не може да каже дека немаме шанса. Би сакал само да се смени оваа ситуација со коронавирусот, за да може да играме во Букурешт пред публика. Ако тоа се случи, романската престолнина ќе биде обоена во црвено-жолто, а со нашите навивачи на трибина, моите момци може да направат – чуда!“, додава Ангеловски.

loading...

Facebook