Други спортови
Дали Ѓоковиќ пристигнува во АО: „Има малку време …“
Се уште не се знае дали најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Австралија Опен.
Ѓоковиќ е голема енигма, правилата велат дека можат да настапуваат само вакцинирани, а Србинот не потврди дека го направил тоа.
Директорот на Австралија опен, Крег Тајли, вели дека остануваат уште неколку чартер летови и потоа сите играчи кои ќе учествуваат ќе бидат во Австралија.
Тој го коментираше и самиот Ѓоковиќ.
„Мислам дека ќе добиеме разврска за неговиот статус во следните неколку дена. Во спротивно, ќе биде предоцна да се појавиме и да играме на Австралија Опен. Останува многу малку до играње“.
Правилата се јасни, може да настапат само вакцинираните, а организаторите претходно кажаа дека нема да има „дупки“ во правилата за привилегираните.
Австралија опен се игра од 17 до 31 јануари.