Фудбал
Дали Гвардиола со оваа реченица признава дека Сити тргнува по Пјаниќ
Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола зборуваше на прес конференцијата после освојувањето на Комјунити Шилд, а во таа прилика призна дека сака да донеси уште едно засилување во средниот ред.
Гвардиола пред неколку денови кажа дека ќе размисли дали ќе донесе уште еден играч или не, а очигледно е дека по натпреварот разбра дека му фали уште еден играч во средниот ред.
„Се обидуваме да донесеме уте некој. Би сакале да донесеме уште еден играч, затоа што ни фалат два фудбалери кои би го менивале Фернандињо“, кажа Гвардиола.
Во текот на целиот преоден рок со Манчестер Сити се поврзуваше Миралем Пјаниќ, а оваа реченица на Гвардиола навистина би можела да значи дека Пјаниќ би можело да заврши на „Етихад“
Инаку, Гвардиола зборуваше и за самиот трофеј од Комјунитеи Шилд кој неговиот тим го освои со победа на Челзи од 2:0.
„Таа титула е помалку важна, сите сакаат Премиер лига, ФА Куп и Лига на шампиони. Но за да ги освоите морате да бидете најдобар во Премиер лигата или ФА Купот. Значи, не е лесно да се дојде до овој трофеј“, рече Гвардиола.