Поврзи се со нас
Here is the banner code 300x250 for mobile:

Други спортови

Дали Хабиб и Конор ќе се сретнат лице в лице?

Умар Нурмагомедов, братучед на УФЦ шампионот Хабиб Нурмагомедов, ќе дебитира во најголемата ММА промоција на 23 јануари.

Големиот борец кој важи за иден шампион ќе се бори со Сергеј Морозов на УФЦ 257 настанот предводен од борбата Дастин Поарие – Конор Мек Грегор.

Со оглед на тоа што Хабиб ја води кариерата на неговиот братучед, многу е веројатно тој вечер да биде во аголот и тоа може да значи дека Хабиб и Конор во одреден момент веројатно ќе дојдат лице в лице.

„Дана, се гледаме наскоро“, му рече Хабиб на претседателот на УФЦ вчера.

Според сите сметки, Орелот на тој начин го најави своето пристигнување во Абу Даби каде што, според сите најави, ќе се одржи УФЦ 257.

Сигурно ќе биде интересно да се види дали ќе има средба со Конор, што ќе привлече големо внимание, бидејќи овие борци воопшто не се поднесуваат. Дана Вајт планира да разговара со него за можно враќање и ќе видиме што ќе се случи на крајот.

loading...

Facebook