Connect with us

Фудбал

Дали Ибра повторно ќе заигра, докторот вели: Ако тој сака, тогаш да!

Професорот Паоло Мариани ги смири сите фанови на Златан Ибрахимовиќ (38) изјавувајќи дека ова не е крај на неговата кариера. Како што беше соопштено вчера, Швеѓанецот ја повредил ахиловата тетива на тренингот, по што беше објавено дека е крај на сезоната за него, но и продолжувањето на кариерата беше под знак прашалник.

-Не можам со сигурност да тврдам за работи кои не ги знам. Само ќе кажам дека шампион како што е Златан сигурно може да се врати на старото ниво на игра,изјави тој за Кориере Дело Спорт.

Сепак, Златан во текот на денешниот ден ќе има детални прегледи по што ќе биде познато за каква повреда точно се работи.