Фудбал
„Дали Ибрахимовиќ ќе остане во Милан? Не, нема“
Златан Ибрахимовиќ ќе го напушти составот на Милан на крајот на сезоната.
Иако со неговото доаѓање клубот од „Сан Сира“ започна да игра малку подобро од претходните сезони, Ибра е незадоволен од случувањата во рамките на клубот и нема да ја продолжи соработката.
Ибра дури можеше да стави крај на својата богата кариера на крајот од оваа сезона, со тоа што реномираниот новинар Џанлука Ди Марицио буквално потврди дека нема да го гледаме Ибро во дресот на „росонерите“.
„Дали Ибрахимовиќ ќе остане во Милан? Не, нема“, рече Ди Марицио, а истите информација ги има и неговиот колега Лука Маркети.
„Тој тешко дека ќе остане. Ралф Рангник е човек кој ги заснова проектите врз младите луѓе и ќе мора да започне одново“, рече Маркети.
Рангник наводно треба да ја преземе функцијата тренер и спортски директор од следната сезона и скоро е сигурно дека Ибрахимовиќ го нема во плановите.
Легендарниот Швеѓанец има одиграно 10 натпревари оваа сезона и има постигнато четири гола, а вкупно во дресот на „Росонерите“ има постигнато 60 голови на 71 натпревар во два наврати.