Фудбал
Дали има нов клуб? Халанд дојде со авион за да преговара
Натпреварите што ги игра Ерлинг Халанд во дресот на Салцбург ја воодушевуваат фудбалската јавност.
Норвешкиот „Вундеркинд“ има постигнато 28 голови за австрискиот тим на 22 одиграни натпревари досега, и не е ни чудо што тој ќе биде најбараниот напаѓач во јануарскиот преоден рок.
Постои долг список на клубови кои би сакале да го видат Халанд во своите редови, при што најновите информации велат дека 19-годишниот напаѓач е најблизу до трансфер во Бундеслигата, односно во Борусија Дортмунд.
Медиумите од Германија велат дека Халанд пристигнал во приватен авион на аеродромот во Дортмунд во средата, од каде го пречекал еден од вработените во Борусија, а причината е, се разбира, преговорите со „Милионерите“.
Поранешниот фудбалер на Ајнтрахт, Јан Ајџ Фјертофт, на својот Твитер профил објави дека Халанд е во Дортмунд.
Покрај Борусија Дортмунд, за Халанд се заинтересирани и Лајпциг, Јувентус, Реал Мадрид, Челзи, Манчестер Јунајтед …