Connect with us

Фудбал

Дали Интер попушта пред милионите на ПСЖ за својот „ѕид“ во одбраната?!

Медиумите пишуваат дека Милан Шкриниар, ќе го напушти Интер и ќе потпише за ПСЖ во трансфер вреден најмалку 50 милиони евра.

Интер сака 70 милиони евра за еден од своите клучни играчи, но наводно почнува да ги намалува барањата, а целата зделка би можела да биде завршена за 60 милиони, вклучувајќи бонуси.

Шкриниар претходно преговараше со Интер за продолжување на договорот кој му истекува во 2023 година, но „нероаѕурите“ беа принудени да продадат дел од најдобрите со цел самофинансирање и покривање на долгот со цел добивање на лиценца за настап на европската фудбалска сцена.

Се споменуваат и деталите од договорот кој Шкриниар ќе го потпише со ПСЖ. На Паркот на принцовите ќе остане најмалку четири сезони со годишна плата од 7 милиони.

За споредба, Шкриниар моментално има плата од 3 милиони евра во Интер. Двојната подобра понуда на ПСЖ на крајот треба да биде клучна за трансферот.

Словакот пристигна во Интер пред пет години кога на Сампдорија беше платен дури 34 милиони евра, а со текот на времето прерасна во еден од најсигурните дефанзивци во Европа.