Connect with us

Фудбал

Дали конечно ќе гледаме силен Манчестер Јунајтед, Солскјер добива силен тим

Холандскиот фудбалер Дони Ван де Век е догововорен, а Ајакс ќе добие 40 милиони евра. Манчестер Јунајтед добива фантастичен среден ред Ван де Бек-Погба-Фернандеш, еден од најдобрите во Премиер лигата. Сега, откако тоа е решено, на ред е одбраната.

Според информациите, прво ќе го продадат Крис Смолинг, кој одигра солидно на позајмица во Рома. Тој би сакал да се врати во Италија, но Манчестер има друга идеја. Да го проследи на Лајпциг плус пари за нивниот дефанзивец Упамекано, за кого има интерес и од другите европски гиганти.

Но, светските медиуми велат дека најверојатно тој ќе заврши во Јунајтед. Доколку се случи тоа, Солскјер би добил одличен стоперски тандем Мегвајер – Упамекано, а со тимот кој го имаше плус новите засилувања, Јунајтед би можел да влезе во трка со останатите тимови за титулата.

 

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com