Фудбал
Дали Лионел Меси е најтрофејниот фудбалер? Oвој напаѓач освоил повеќе пехари од Аргентинецот (ФОТО)
Лионел Меси го освои Лига Купот со Интер Мајами и со тоа стигна до рекордниот 44-ти трофеј во кариерата. Со ова тој го престигна неговиот некогашен соиграч од Барселона, Дани Алвеш кој има 43 трофеји. Но, доколку се исклучи квалитетот на натпрвеварувањата, туку само се земе бројот на освоени пехари, тогаш далеку пред Меси има еден фудбалер. Се вика Ли Каскиаро. Во моментов има 41 година, а целиот свој фудбалски век го поминал во еден клуб, Линколн Ред Импс, од Гибралтар.

Игра на позицијата напаѓач, а со клубот освоил 20 шампионски титули, 14 пехари во Рок Куп, домашен куп на Гибралтар, 12 пати Суперкупот на Гибралтар и 11 пати Лига купот на оваа земја.
Се разбира дека вредноста и значењето на освоените пехари не може да се споредуваат со оние на Лионел Меси, но бројка си е бројка.