Фудбал
Дали Ливерпул ќе ја освои титулата? Гласот на Манчестер Јунајтед (не) е изненадување
Раководството на англиската Премиер лига планира да побара мислење на секој од 20-те клубови што да прави со оваа сезона, што е прекината од пандемијата на коронавирус.
Сè уште нема индикации за тоа кога натпреварувањето би можело да продолжи, особено пред навивачите. Откако тимовите ќе дадат свое мислење, ќе бидат потребни 14 гласа за откажување оваа сезона.
Ливерпул како лидер и само две победи далеку од титулата јасно е дека сака натпреварувањето да го заврши на теренот, додека екипи како Борнмут, Астон Вила и Норвич сакаат да се поништи оваа сезона.
„Мирор“ пишува дека Манчестер Јунајтед има намера да гласа против откажување на сезоната, што дефинитивно се смета за изненадување со оглед на ривалалството со Ливерпул.
Црвените ѓаволи имаат 20 шампионски титули и доколку „Редсите“ се шампиони оваа сезона ќе стигнат до 19. шампионска титула, но тоа нема да го спречи клубот од „Олд Трафорд“ да гласа за да се продолжи шампионатот.
Реалноста е дека секој клуб ќе гледа на свој интерес и така ќе гласа. Пример е Вест Хем, чиј менаџер Карен Брејди бара откажување бидејќи тимот од Лондон во поголемиот дел од сезоната се наоѓа во зоната за испаѓање.
Претставниците на клубовите од Премиер лигата ќе одржат состанок во четврток по што треба да повеќе за тоа што ќе биде со најсилната лига на светот и како ќе заврши сето тоа.