Connect with us

Други спортови

Дали Макс Верстапен е одгледан да биде дивјак?

Сударот меѓу Макс Верстапен ( Ред Бул) и Естебан Окон ( Форс Индија) на трката за ГН на Бразил, во која Французинот нападна и покрај тоа што заостануваше цел круг, се уште е главна тема во најбрзиот циркус на денешницата – Формула 1. За овој инцидент скоро сите го кажаа воето мислење, а тоа воопшто не е добро за Холанѓанецот, кој важи за еден од најголемите таленти во Ф1 во последно време.

Луис Хамилтон застана во одбрана на окон и неговото право да се врати во иститот круг со водечкиот, додека шефот на Ред Бул, Хелмут Марко  го обвини Мерцедес за завера против Макс и тврди дека овој потег на малдиот Французин ќе биде награден со место во тимот на „сребрените стрели“ во 2020 година.

Најголема прашина крена насилничкото однесување на Верстапен, по трката кога физички се пресмета со  Окон, а со физичка пресметка им се закнуваше и на многумина во оваа сезона. На еден дваптаи повозрасен новинар од него во  Монтреал му се закни дека ќе го удри со глава ако продолжи да го испитува за грешките на патеката.

Најдалеку во критиките за Весрстапен отиде, новинарот на популарниот интернет портал “тркачи“ Кит Колинти, кој казната од стрна на ФИА за неколкудневна друштвена работа ја нарече смешна и бара суспензија за физичкиот напад на Окон.  Исто така го обвини таткото на Макс, Јос кој неколку патаи заврши на суд заради насилство дека го одгледал пилотот за да биде  дивјак.

Од друга страна, поранешниот Ф1 возач, Марк Вебер, ја брани младата ѕвезда и смета  дека мора да бидеш таков акосакаш да бидеш светски шампион.

  • Тенка е границата меѓу прибраноста, непознавањето, стравот и внатрешниот оган која излегува на површина. Верстапен е се уште млад и го обвини Окон за инцидентот.  Но, мора да признаам дека Макс е еден од најдобрите малди таленти кој сигурно ќе биде шампион во  елитното автомобилско натпреварување, изјави Вебер.