Connect with us

Фудбал

Дали Манчестер Јунајтед ќе го донесе Грејлиш

Според англиските медиуми, Манчестер Јунајтед сака да го доведе во своите редови играчот од средниот ред на Астон Вила, Џек Грејлиш.

Грејлиш е еден од најдобрите играчи од средниот ред во Англија и долго време беше на радарот на Јунајтед.

Солскјаер е убеден дека одлично ќе се вклопи во неговиот тим, а не се знае колкава сума би барале од Астон Вила.

Таа бројка, наводно, би изнесувала 80 милиони евра, а доколку Астон Вила испадне од Премиерлигата, ќе се намали на 55 милиони.

Грејлиш е навистина одличен во дресот на Астон Вила оваа сезона. Играше на 29 натпревари во сите натпреварувања и постигна девет гола и осум асистенции.

Првенството секако е прекинато, се чека продолжението, а потоа ќе биде појасна и судбината на 24-годишниот играч од средниот ред.