Connect with us

Други спортови

Дали Мик Шумахер повторно ќе вози во Формула 1?

Резервниот возач на Мерцедес, Мик Шумахер, рече дека ќе се обиде да го извлече максимумот од новата сезона во Формула 1 и е убеден дека ќе има можност повторно да вози во шампионатот.

„Очигледно не е сигурно дека ќе се вратам во шампионатот во 2024 година, но сум во удобна позиција каде што чувствувам дека можам да учам и можам да извлечам максимум од оваа година, иако не возам. изјави германскиот возач на маргините на претставувањето на новиот болид.W14 , објави денеска веб-страницата на шампионатот.

Синот на легендарниот седумкратен светски шампион Михаел Шумахер, претходните две сезони возеше за Хаас, а американскиот тим за новата сезона наместо 23-годишниот возач го доведе својот сонародник Ник Хулкенберг.

Мик Шумахер му се приклучи на Мерцедес во декември, а неговиот татко исто така возеше за тој тим од 2010 до 2013 година.

За Мерцедес оваа сезона повторно ќе возат Британците Луис Хамилтон (седумкратен светски шампион) и Џорџ Расел.

Мик Шумахер додаде дека не е премногу загрижен за враќањето во Формула 1.

„ Со резултатите што ги покажав во помладите категории, но и во Формула 1, сигурен сум дека ќе има можности. “ истакна тој .

Сезоната во Формула 1 започнува на 5 март со Големата награда на Бахреин.