Connect with us

Други спортови

Дали мислите дека сте храбри и „луди“? Погледнете го ова видео и размислете повторно (ВИДЕО)

Во Бостон утре се одржува првиот „Red Bull Cliff Diving“ натпревар оваа сезона.

По девет години пауза, Бостон повторно ќе биде домаќин на Ред Бул Клиф Дивинг, каде ќе ги гледаме најдобрите светски скокачи, а спектаклот е веќе загарантиран.

На „Cliff Diving“ традиционално гледаме одлични скокови со акробации, а така сигурно ќе биде и во Бостон. Мажите ќе скокаат од скок во височина од 27 метри, додека за прв пат ќе настапат и жените, а висината на скокот ќе биде 21 метар.

Длабочината на водата пред платформата од која ќе скокне е седум метри, а временската прогноза ги воодушеви сите бидејќи утре во Бостон ќе биде сончево време.

Натпреварувачката Женевиев Бредли преку приказна на Инстаграм покажа како изгледа глетката од скокалницата, по што на сите им е јасно дека е потребна неверојатна храброст да се скокне од таква височина.

Покрај храброста, постојат и неверојатни потези кои скокачите ги прават во воздухот за да изведат совршен скок. Затоа овој спорт станува се попопуларен во светот, а се шпекулира дека би можеле да го гледаат наскоро и на Олимписките игри.

Платформата во Бостон е поставена на Институтот за современа уметност, а се очекува утре местата околу платформата наменети за гледачите да бидат пополнети до последното место.

Сезоната што следи ќе биде историска и на Ред Бул Клиф Дивинг, бидејќи натпреварувачите ќе скокаат од платформата висока 30 метри поставена во Градската опера во август, кога Осло е домаќин и ќе биде највисоката платформа во историјата.

Секако, Босна и Херцеговина повторно е на календарот, бидејќи оваа година на крајот на август на Стариот мост во Мостар ќе се одржи натпреварот Red Bull Cliff Diving.