Connect with us

Фудбал

Дали невозможното, станува реалност, таткото на Меси со една реченица ги “олади” фановите на Барса

Час и половина траел состанокот помеѓу Жозеп Бартомеу, од една и Хорхе Меси, придружуван од адвокатот, од друга страна.

Првиот состанок не донесе ништо ново, сагата околу иднината на Лионел продолжува. Бартомеу не попушта, Меси не може да замине без обесштетување, дури понудил нов, побогат договор, до 2023-та година, со порака дека Аргентинецот е централна фигура во новиот проект.

Од друга страна, таткото на Меси ја пренел желбата на Лионел, а тоа е раскин на договорот и пријателска разделба.

-Мојот син не сака повеќе да остане тука, рекол Хорхе Меси, пренесуваат медиумите.

Но, Бартомеу не попушта. Според медиумите наредните денови ќе има нова средба. Додека не се реши целосно ситуацијата Меси нема да се појавува на тренинзите.