Connect with us

Други спортови

Дали овој човек ќе го собори „Gypsy King“? Фјури има пет килограми повеќе од ривалот пред утрешниот спектакл

Шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури, ќе го брани појасот против Дилијан Вајт во мечот закажан за утре на култниот стадион „Вембли“ во Лондон.

„Gypsy King“ ќе има втора одбрана на појасот против сонародникот Дилијан Вајт, 34-годишен борец кој ќе се обиде да го собори Фјури од тронот.

Денеска беше официјалното мерење и последното соочување пред натпреварот. Тежината кај Тајсон Фјури покажа 120,1 килограми и нешто повеќе од пет килограми потешка од Вајт. Предизвикувачот тежи 114,8 килограми.

Треба да се напомене дека Фјури е пет килограми полесен од последниот меч во кој го нокаутира Деонтеј Вајлдер. Вајт, пак, е три килограми потежок отколку во март минатата година кога го нокаутира Александар Поветкин.

Конфронтацијата меѓу ривалите не беше премногу тензична. Се заврши многу пријателски, но пријателствата сигурно нема да бидат во рингот пред повеќе од 90.000 луѓе на Вембли.

Тајсон Фјури е непоразен во својата професионална кариера. На 32 одиграни натпревари има 31 победа и едно реми со 22 победи со нокаут.

Дилијан Вајт, пак, на 30 натпревари има два порази. Тој загуби со нокаут од Ентони Џошуа и Александар Поветкин, кои го заспааа во летото 2020 година со брутален нокаут.

Од 28-те победи што ги има Вајт, забележа 19 победи со нокаут и ова е веројатно единствениот начин да се обиде да го совлада 13 сантиметри повисокиот противник.