Фудбал
Дали по „вечното дерби“ во Србија ќе има „биолошка бомба“?!
Во Србија се чини многу рано ги укинаа сите мерки. Дозволија публика на стадионите, а тоа се чини дека е погрешна одлука. Освен што петтмина фудбалери на Црвена Звезда се позитивни, според најновите информации и судијата на дербито против Партизан, Новак Симоновиќ, како и неговиот брат, кој исто така е судија, се позитивни на Ковид-19.
Покрај нив заразени од корнавирусот се и судиите, Срѓан Јовановиќ, Милан Михајловиќ и Урош Стојковиќ, што ја прави бројката од 5 заразени судии со Ковид-19.
Токму еден ваков собир, поточно фудбалски меч, оној помеѓу Аталанта и Валенсија, одигран во Милано во првите денови од пандемијата со Ковид 19 беше окарактеризиран како „биолошка бомба“, од која биле заразени најмногу луѓе. Ломбардија, од каде што е Аталанта имаше најмногу заразени, а тој ден присуствувале најмалку 40 илјади навивачи.