Connect with us

Фудбал

Дали претера ѕвездата на Барса? „Подобро месец без пријатели отколку месец без видео игри”

Некои фудбалери имаат пороци што тие едноставно не можат без нив. Општо познато е дека едно од најскапите засилувања во историјата на Барселона не може без конзоли за видео игри.

Усмане Дембеле беше платен неверојатна 125 милиони евра пред три години, но вложените пари не успеа да ги оправда, а неговата авантура на „Ноу Камп“ досега не може да добие преодна оценка.

Конзолата се чини дека е најдобриот пријател на Дембеле. Тие станаа особено „блиски“ во последните месеци, бидејќи францускиот офанзивен играч закрепнува од сериозната повреда.

22-годишникот учествуваше во интересно истражување одговарајќи на најтешките дилеми. Едно од прашањата беше дали тој може да помине еден месец без пријатели или без видео игри една година.

Дембеле без многу размислување рече дека може без пријатели.