Connect with us

Фудбал

Дали продолжува Евролигата? Играчите го кажаа своето

Продолжението на Евролигата е под знак прашалник, особено по онлајн состанокот на раководството на натпреварувањето и кошаркарските на тимовите учесниците.

Покрај претставниците на Евролигата, во разговорот учествуваа уште 36 играчи, капитенот и уште еден кошаркар од секоја од 18-те екипи.

Кошаркарите се изјаснија дека се против продолжување на сезоната во најсилното натпреварување во кошарка на територијата на Европа, јавуваат странските медиуми.

Тие како главни причини го наведоа стравот од пандемија на коронавирусот и можноста од чести повреди, особено ако се земе предвид дека не се во конкурентскиот ритам.

Грчките медиум „СДНА“ наведуваат дека повеќето играчи се против продолжението затоа што не се подготвени за жестокиот ритам на натпреварите и дека во сегашната ситуација здравјето е на прво место.

Конечната одлука за продолжување или прекинување на сезоната треба да ја донесе лидерите на Евролигата, предводени од Жорди Бертомеу, следниот понеделник.