Фудбал
Дали Сари има контрола во соблекувалната на Јувентус? Кјелини сам се замени
Јувентус ја совлада Бреша со 2:0 во не толку брилијантна игра, а Џорџо Кјелини ги помина последните 15 минути на теренот.
Кјелини се врати на теренот по скоро шест месеци. Искусниот стопер паузираше поради повреда на лигаментите уште од првото коло и дуелот против Парма кога постигна гол и ја донесе победата на „Бјанконерите“.
Маурицио Сари изјави по мечот дека капитенот на Јувентус сам се заменил, се појави во дресот и само рече дека сака да влезе. Сари не го одби неговото барање.
„Искрен да бидам Кјелини, се смени себеси. Јас се свртев и тој беше пред мене стоејќи во дресот … Тој побара десетина минути на теренот. Не можев да го одбијам“, рече Сари.
Враќањето на Кјелини сигурно ќе биде големо засилување за „Старата дама“ бидејќи сезоната напредува, а присуството на капитенот и лидерот на одбраната носи со себе потребната сериозност и максимален пристап на секој натпревар.