Connect with us

Фудбал

Дали се подготвува земјотрес: Меси соопштил на раководството на Барселона дека сака да замине ВЕДНАШ!

Спортскиот портал „Esporte Interativo“ повикувајќи се на ексклузивни информации, објави најнова вест во која тврди дека Лионел Меси наводно на раководството на тимот му соопштил дека сака да замине од Барселона и тоа веднаш.

Како што тврди овој медиум, Аргентинецот е незадоволен од администрацијата на Барса, немањето на квалитетен план за иднината, па затоа решил да замине во друг клуб.

Ниту Барселона, ниту самиот Лионел Меси не се огласиле се уште, а сето ова доаѓа по катастрофата на каталонскиот тим во ЛШ и поразот од 8:2 од Баерн Минхен. Меси има договор со Барселона до 2021 година, а веќе подолго време одбива да ја продолжи соработката и тактизира.

Во минатото директно го критикуваше раководството за лошото менаџирање, следење на фудбалерите и лошо планирање, па веројатно поразот од Баерн само ја прели чашата.

Претходно во текот на денот голем број на светски медиуми соопштија дека два фудбалски тима будно ја следат состојбата, а тоа се Интер и Манчестер Сити.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com