Connect with us

Други спортови

Дали Симпсонови го предвидуваа победникот во големото финале?

Теоретичарите на заговор се апсолутно убедени дека анимираната серија „Симпсонови“ предвидела многу настани во светот низ годините.

Бројни светски медиуми пишуваа за интересни сцени од сериите кои се остварија во реалноста, а така беше и на почетокот на оваа година пред познатиот Супер Боул.

Таму во недела ќе играат Синсинати Бенгалс и ЛА Рамс, а ова финале беше предвидено во епизодата од февруари 2005 година.

Во таа епизода, Хомер ја зема својата маица и на неговото „тело“ е напишано „Go Bengals“.

Исто така, резултатот беше откриен во истата епизода. Според „прогнозата“, Бенгалците го освоија Суперболот со победа од 34:31.

Дефинитивно интересна сцена.