Фудбал
Дали судбината ќе ги спои? Пред неколку години барал автограм од Суарез, а наскоро ќе бидат соиграчи
Луис Суарез својата афирмација во одличен напаѓач ја доживеа во Ајакс од 2007-ма до 2011-та година. Додека играше на „Амстердам арена“, уругвајскиот напаѓач беше идол на многу дечиња во младинските погоди на холандскиот тим. Меѓу нив, беше и Матијас Де Лихт.
Тој во моментов е еден од најдобрите стопери во светот, игра за Јувентус, а дојде токму од Ајакс. Пред неколку години трчал по Суарез за автограм и фотографија, а наскоро можат да бидат соиграчи. Според информациите, Јуве и Суарез се блиску до договор, а само се чека Уругваецот да го раскине договорот со Барселона.