Фудбал
Дали Тами Абрахам со трансфер ќе го шокира „Стемфорд Бриџ“?
Младиот напаѓач Тами Абрахам (22) лесно може да го напушти Челзи.
Овој 22-годишник во никој случај не успева да се согласи за условите на новиот договор и се зголемуваат гласините дека тој ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“.
Ситуацијата ја следи Манчестер Сити. Граѓаните се подготвени да го искористат незадоволството на Абрахам и да го доведат во своите редови уште во летниот преоден рок.
Сити ќе се обиде да ги заврши преговорите во наредниот период и да обезбеди потписот на одличниот напаѓач пред крајот на оваа сезона.
Абрахам бара плата од 180.000 фунти. Челси не е подготвен да му понуди ова во моментов, но затоа подготвени се Граѓаните, па од следната сезона можеме да го гледаме овој играч на тимот на Пепа Гвардиола.
Оваа сезона Абрахам игра навистина одлично. Тој има одиграно 28 натпревари на сите натпреварувања и има постигнато 14 гола и пет асистенции.