Фудбал
Дали УЕФА ќе го прифати предлогот на СЗО, нема да гледаме фудбал 18 месеци ?
Како што објавува „Ла Република“, за време на видео конференција со учество на УЕФА и водечките европски клубови на 16 април, Светската здравствена организација (СЗО), ја повика УЕФА, да ги откаже сите меѓународни фудбалски турнири до крајот на сезоната 2020/2021 година.
СЗО поради страв од втор брн на коронавирусот, инсистира на тоа да нема фудбал во наредните 18 месеци.
УЕФА формираше работна група за да работи на различни опции за да ја заврши оваа сезона, но во оваа фаза ситуацијата останува крајно нејасна.