Connect with us

Фудбал

Дали вечерва Елмас ќе го крене трофејот токму против Несторовски?!

Наполи вечерва му гостува на Удинезе, во натпревар во кој само еден бод му е доволен и официјално да ја освои шампионската титула. Не е спорно дека тимот од Неапол е новиот првак, но се поставува прашањето дали ќе биде крунисан вечерва, или пак, викендов што следува.

Интересно е тоа што вечерва Наполи игра против Удинезе, или Елиф Елмас против Илија Несторовски. Дали судбината е Елмас да го прослави шампионскиот пехар токму на мечот против неговиот колега од репрезентацијата?

Инаку, последната пресметка помеѓу овие два тима заврши со победа на Наполи од 3:2, а по еден гол постигнаа и Елмас и Несторовски. Вечерашниот меч се игра во Удине и почнува во 20:45 часот.