Фудбал
Дали видео играта “Call of Duty“ го откри трансферот на Џејдон Санчо
Џејдон Санчо во Дортмунд стигна од Манчестер Сити за само осум милиони евра, а три години подоцна германскиот тим најверојатно ќе го продаде за 105 милиони фунти. Купувач е Манчестер Јунајтед. Одамна се спомнува тоа, наводно преговорите за цената се во тек, а фудбалерот веќе ги договорил личните улови.
Но, дали видео играта “Call of Duty: Warzone” го откри неговиот трансфер. Наводно Санчо веќе извесен период е во контакт со неколку фудбалери на Јунајтед, а како што самиот Линагрд откри, редовно ја играат онлајн оваа игра.
-Секој ден играме Call of Duty. Тука со мене се Рашфорд, Вилијамс, Џејмс, Погба и Санчо. Уживаме во тоа, изјави Лингард.
Ова за англиските медиуми е знак дека тој наскоро доаѓа во Јунајтед.