Connect with us

Фудбал

Далиќ ја држи Хрватска во неизвесност: Следната недела ќе ја донесам одлуката

Во своето Ливно Златко Далиќ имаше величествен дочек. Навивачите на Хрватска го пречекаа Далич и на одличен начин го прославиа освојувањето на сребрениот медал во Русија.

Се уште не е познато дали Далиќ и во наредниот период ќе седи на клупата на „Ватрените“, со оглед на фактот дека на негова адреса од ден во ден пристигнуваат нови понуди.

„Наредната недела разговарам со претседателот, а потоа ќе ја донесам одлуката за што и како понатаму. Морам да разговарам и со играчите. Не треба околу тоа да се прави никаква драма, јас само го изнесов својот став“, рече Далиќ за хрватските медиуми.

„Луѓето месец дена уживаа во фудбалот, ги заборавија сите свои проблеми, се веселеа, се забавуваа и тагуваа со нас. Ништо не може да ги зближи луѓето како фудбалот“, додаде Далиќ.

Договорот на далиќ со Хрватска важи уште две години.