Фудбал
Далиќ одби милиони, останува селекторот на Хрватска
Тренерот на репрезентацијата на Хрватска, Златко Далиќ донесе одлука за својата иднина.
Креаторот на сребрен медал од Мундијалот во Русија со месеци е на мета на азиските клубови, а тој доби огромни понуди, последен по ред од УАЕ, каде го гледаат на позицијата селектор.
На Далиќ, наводно, му бил понуден договор вреден пет милиони евра, што е за пет пати повеќе од она што го има денес на клупата на Хрватска, сепак, тој, наводно, ја отфрлил и оваа понуда.
Далиќ има намера да го продолжи својот тековен договор кој му истекува за три месеци за да ја води предводи Хрватска на Европското првенство, секако и да се обиде да го повтори величествениот резултат, додека во Хрватска тврдат дека сè е само формалност.
„Лука Модриќ, Иван Ракитиќ и компанијата на Европското првенство го сакаат Далиќ. Тој е свесен за тоа и поради тоа тој одби богата понуда“, пишува меѓу другото, „24 часа“.
Новиот договор може да му даде на Далиќ помала плата од претходната, со оглед на кризата предизвикана од пандемијата, но тој постојано истакнува дека парите не му се приоритет.