Connect with us

Фудбал

Дами и господа, Хари Мегваер заминува од Манчестер Јунајтед, се најде клуб кој ќе плати 30 милиони фунти за нето!

Манчестер Јунајтед и Вест Хем се договорија за трансферот на Хари Мегваер, пренесуваат медиумите на Островот. Вест Хем ќе му плати на клубот од „Олд Трафорд“ 30 милиони фунти за англискиот репрезентативец. „Чеканите“ почнаа да го реновираат тимот, по продажбата на Деклан Рајс на Арсенал за цели 105 мил.

Дел од тие планови е и Мегваер, кому долго време не му оди најдобро во Јунајтед, па менаџерот Тен Хаг дури му ја одзеде капитенската лента. Мегваер пристигна на „Олд Трафорд“ во 2019 година од Лестер за 80 милиони фунти, со што стана најплатениот дефанзивец. Сепак, тој не успеа да ја оправда рекордната сума на вложени пари во него, поради големиот број киксови, често беше предмет на потсмев од фановите на социјалните мрежи.