Поврзи се со нас

Фудбал

Дани Велбек си најде нов тим во Премиер лигата

Брајтон, 18 октомври 2020 (МИА) – Брајтон официјално објави дека потпишале едногодишен договор со напаѓачот Дени Велбек, кој пристигнува како слободен агент. За 29-годишниот фудбалер, тоа ќе биде четвртиот клуб во Премиер лигата по Манчестер Јунајтед, Арсенал и Ватфорд. Тој исто така беше изнајмен во Престон и Сандерленд. Велбек има и 42 натпревари со репрезентацијата на Англија, на кои реализирал 16 погодоци.

– Тој е брз и технички многу поткован. Ќе ја зголеми нашата напаѓачка моќ и ние сме многу возбудени да додадеме уште еден играч со искуство и квалитети, прокоментира менаџерот Греам Потер.

Велбек ќе го носи дресот со број 18 и се очекува да биде на располагање за дуелот со Вест Бромвич Албион во следната рунда од Премиер лигата.

Advertisement

Facebook

Реклама