Connect with us

Други спортови

Даниел Рикардо го напушта Ред Бул

Австралијанецот Даниел Рикардо ќе ја напушти екипата на Ред Бул, потврди овој тим.

После четири години 29-годишниот возач се одлучи да замине од овој тим, а од наредната сезона ќе вози за екипата на Рено.

Возачот на Ред Бул, Рикардо бележеше навистина добри резултати. Запиша седум победи, два пати завршил како трет во генералниот пласман и се истакна како еден од најдобрите возачи во Ф1.

Сепак, дојде време за разделба. Тоа беше потврдено и од страна на Ред Бул, а Австралијанецот веројатно ќе го замени Карлос Сајнц, кој ќе замине во Мекларен.

Ова сезона Рикардо моментално е на петтата позиција во генералниот пласман после 12 трки, а освоил 118 бодови.