Connect with us

Фудбал

Даниеле Ругани после еден месец излегува од карантинн

Даниеле Ругани беше првиот играч на Јувентус, за кој беше потврдено дека е заразен со коронавирус.

Јувентус пред скоро еден месец потврди дека Ругани е позитивен во врска со тестирањето, и тој беше првиот фудбалер во Италија кој беше заразен. Сите играчи веднаш беа ставени во карантин две недели и подоцна беше потврдено дека Паоло Дибала и Блез Матуиди се исто така заразени.

Ругани веќе еден месец е во домашна изолација и добрата вест конечно доаѓа. Тој се опораи од коронавирусот, а наскоро ќе добие дозвола да го напушти карантинот.

„Неговиот карантински период завршува во наредните неколку дена. Единствен симптом што го имаше е треската. Играше нормално по натпреварот Јувентус – Интер тој ден, а еден ден подоцна се тестираше позитивно. Но, што е најважно, тој сега се опорави“, рече неговиот агент, Дејвид Торхија.

Ругани беше на клупата на натпреварот против Интер, што предизвика голема паника кај играчите на двата клуба. Но, за среќа, од нив, само двајца биле заразени.