Connect with us

Фудбал

Данскиот репрезентативец Микел Дамсгор е пред враќање да игра за Сампдориј

Данскиот репрезентативец Микел Дамсгор е пред враќање да игра за Сампдорија, откако повеќе од 5 месеци се бореше со агресивна форма на артритис. 21-годишниот играч предизвика вистински фур со настапот на УЕФА ЕУРО 2020, каде со „црвениот динамит“ стигна до полуфиналето на натпреварувањето.

Тој нема играно од октомври 2021 година, а во ноември беше опериран на десното колено. Дефинитивно решение за неговиот проблем не е најдено, но резултатите од терапијата покажале доста добри резултати.

Во текот на неделата, Дамсгорд тренираше со морнарите за прв пат и зборуваше пред клупскиот канал.

„Мило ми е што повторно сум на полигонот. Тимот се промени откако јас бев последен тука. Среќен сум, добив голема поддршка од клубот и од моето семејство“, изјави офанзивниот играч.

„Бев многу болен, поминав многу време во болница. Сега треба напорно да тренирам за да заработам место во тимот“, коментира Дамсгорд.