Connect with us

Други спортови

Дарио Ивановски урна државен рекорд стар 39 години

Македонскиот атлетичар, Дарио Ивановски освои бронза на 5.000 метри на Балканскиот шампионат во Смедерево и постави нов државен рекорд.

Според неговиот тренер Игор Јакимовски, тој ќе добие премија од 5.000 долари од сопственикот на досегашниот рекорд, Стевче Ѓорѓиевски, кој сега живее во Австралија.

„Ако кај вас не се цени трудот, жртвата и успехот на новиот рекордер, кај мене тоа е обратно. Од срце ми е мерак што баш Дарио ми го турна рекордот и јас заедно со мојата ќерка Марија и останатите членови на семејството ќе го наградиме Дарио“, изјавил Ѓорѓиевски.

Ивановски нема време за одмор, бидејќи денеска го очекува трка на 3 000 метри.

Од преостанатите три македонски претставници Натура Мало, Дрита Ислами и Јован Стојоски никој не успеа да освои медал. Мало заврши на 21 позиција во дисциплината 100 метри, Ислами заврши на 4-то место на 400 метри со пречки, додека Стојоски финишираше на петтото место во 400 метри.