Фудбал
Давид Силва: Реал Мадрид се јавуваше и јавуваше, но не сакав да одам таму
Одличниот играч од средниот ред на Манчестер Сити, Давид Силва полека, но сигурно се движи кон крајот на кариерата.
Тој денес има 34 години и ќе го напушти Манчестер Сити на крајот на сезоната, по една деценија на „Етихад“.
Поточно, Давид Силва на почетокот на сезоната објави дека нема да го продолжи договорот, кој истекува на 30 јуни 2020 година.
Силва во својот документарен филм „Made in Gran Canaria“ кој го снимаше Сити, се наврати на неговите денови во младоста и времињата кога беше мета на Реал Мадрид.
„Го посетив Реал Мадрид како млад играч, но татко ми беше против да заминам во Реал на тие години“, рече Силва, додавајќи:
„Тој им рече дека ќе треба да ме прати во мојот тим, Сан Фернандо. После тоа не се вратив … Тие се јавуваа од година во година, но не сакав да одам. Останав со екипата од мојот град и потоа се преселив во Валенсија“.