Connect with us

Фудбал

Де Брујн како Тиери Анри пред 17 години

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Брујн стана најдобар асистент во англиската Премиер лига за сезоната 2019/20 година.

Белгиецот има 20 асистенции повторувајќи го рекордот во Англиското фудбалско првенство.

Претходно, во сезоната 2002/03, напаѓачот на Арсенал, Тиери Анри исто така имаше 20 успешни додавања по кои беа затресени противничките мрежи.