Фудбал
Де Брујн смета дека sвездата на Ливерпул треба да ја добие наградата Играч на годината
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Брујн, смета дека на крилниот играч на Ливерпул, Садио Мане, треба да му биде доделена наградата за најдобар фудбалер на годината во Премиер лигата.
Ливерпул има одлична сезона. „Црвените“ се лидер во пласманот со дури 20 поени повеќе од Манчестер Сити кој е втор и доколку сезоната не се игра до крајот, најверојатно ќе бидат прогласени за шампиони.
Затоа и не е изненадувачки што се претпоставува дека повеќето играчи на Ливерпул ќе доминираат кога станува збор за избор на најдобар играч на сезоната, а во целата приказна на тој избор би можел да биде Де Брујн кој исто така игра одлично.
Белгиецот искрено признава дека најдобар за него оваа сезона е Садио Мане, фудбалерот на „црвените“.
„Јас би рекол Мане е најдобар. Мислам дека тој беше главниот играч на Ливерпул оваа сезона. Тој беше важен играч, па ако требаше да одберам некого, тогаш би рекол Мане“, изјави Де Брујн за „БТ Спорт“.
Ако ги погледнеме статистиките на 28-годишниот Мане, тогаш ќе сфатиме дека Де Брујн не го избра него сосема случајно.
Во Премиер лигата, Сенагалацот има забележано 26 натпревари, постигна 14 гола и девет асистенции. До крајот на сезоната, овие статистики сигурно требаше да бидат уште подобри.