Фудбал
Де Брујн во Саудиска Арабија, се огласи Гвардиола и стави точка на темата!
Кевин Де Брујн беше поврзуван со Саудиска Арабија, наводно се било договорено, но по повод овие информации се огласи тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола кој стави точка на сите шпекулации.
Не, Кевин останува со нас. Тие гласини не се точни и тој нема да оди никаде, изјави Пеп.
Воедно тренерот на Сити најави мирно лето, бидејќи како што вели не му се потребни нови засилувања бидејќи имал доволно квалитет во ростерот.