Поврзи се со нас

Фудбал

Де Брујне сам преговара со Сити: Лесно ќе се договориме за нов договор…

Де Брујне остана без менаџер откако реши да ја прекине соработката со својот агент, па сега и долови на јавноста дека сам преговара со Сити за продолжување на договорот, нешто што е вистинска реткост во модерниот фудбал.

Кевин Де Брујне има тековен договор со Манчестер Сити кој истекува во 2023 година.

Навистина сум многу среќен во Манчестер и се наоѓам во одличен клуб со одлични газди и луѓе кои се вработени во него. Вистина е дека започнавме разговори за продолжување на соработката.

Агентот на Де Брујне, Патрик де Костер беше уапсен при крајот на август поради сомневање за перење пари. Тој помина неколку недели во притвор во Белгија, па беше пуштен во домашен притвор, против него се води постапка.

loading...

Facebook