Фудбал
„Де Хеа и Мегваер не требаше да се качат во автобусот, нека се вратат дома со такси“
Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рој Кин денес работи како еден од коментаторите на Скај Спорт и го анализираше вчерашниот натпревар помеѓу Тотенхем и Манчестер Јунајтед (1:1).
„Црвените ѓаволи“ едвај извлекоа бод во Лондон, постигнувајќи гол од пенал во 81. минута, а Кин беше особено лут на голманот Де Хеа, кој прими необичен гол по ударот на Стивен Бердвин.
„Јас сум шокиран од тој гол. Сум видел многу работи во фудбалот, но лошо е да примите гол како таков. Не можам да верувам дека тоа е Манчестер Јунајтед. На полувремето би го казнил Де Хеа, би шутирал со топката кон него и тоа е казна за него“, рече Кин.
„Мегваер и Де Хеа … Јас не би ги пуштил ниту во автобусот после натпреварот. Нека одам со такси во Манчестер. Работете си ја својата работа. Треба да се срамите“, додаде поранешниот играч од средниот ред на Јунајтед.
На прашањето за коментарите на Кин, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјаер одговори: „Рој беше фантастичен играч од средниот ред, мој добар пријател. Не сум сигурен дека тој би го запрел“.
Де Хеа минатата година потпиша нов договор со Јунајтед до 2023 година, но Марк Шварцер како поранешен голман на многу англиски тимови смета дека статусот на Шпанецот на „Олд Трафорд“ е под знак прашалник и дека младиот Дин Хендерсон би можел да добие шанса.
„Во текот на изминатите 18 месеци Давид де Хеа направи големи грешки, а тоа не се очекува од голман на тоа ниво. Манчестер Јунајтед ќе донесе одлука, и дали Хендерсон е доволно добар за одбрана? Тој има потенцијал“, рече Шварцер.