Фудбал
Де Јонг не сака да ја напушти Барселона
Играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг не сака да го напушти каталонскиот клуб, тврди „Кадена СЕР“. И покрај интересот од Манчестер Јунајтед , Манчестер Сити , Баерн (Минхен) и ПСЖ, 25-годишниот Холанѓанец не постигна договор со никого бидејќи сака да остане на „Камп Ноу“.
Де Јонг не сака да се пресели во клуб кој следната сезона нема да игра во Лигата на шампионите. Се вели дека Манчестер Јунајтед испратил понуда од 80 милиони евра.
Оваа сезона Де Јонг постигна 4 гола и направи 5 асистенции на 45 натпревари за Барселона во сите натпреварувања. Договорот на играчот од средниот ред со каталонскиот клуб е до 30 јуни 2026 година.