Connect with us

Фудбал

Де Кетеларе пристигна во Милано на медицински прегледи, па потпиша со Милан (ВИДЕО)

Милан веќе подолго време преговара со Бриж за Шарл Де Кетеларе, но сега најважно за клубот и навивачите е што Белгиецот наскоро ќе потпише договор со Росонерите.

Италијанскиот шампион го обезбеди потписот на големиот талент, а утрово се појави на вообичаените лекарски прегледи во Милано.

Де Кетелер можеше само од поголема дистанца да ги поздрави насобраните навивачи, но сигурно ќе очекуваат тој да воодушеви со своите настапи во наредните сезони.

Милан ќе плати 32 милиони евра плус 3 милиони потенцијални бонуси, додека Клуб Бриж ќе добие 12,5% од секој следен трансфер на Де Кетелер.