Connect with us

Фудбал

Де Лаурентис потврди: Го продадовме Елиф Елмас

Првиот човек на Наполи, Аурелиот Де Лаурентис потврди дека го продале македонскиот фудбалер Елиф Елмас.

– Го продадовме Елмас, се е готово – тој сака постојано да игра, па решивме да го пуштиме, изјавил Де Лаурентис.

Иако, Де Лаурентис не ги откри финансиските детали, сепак голем број угледни медиуми во Италија пишуваат дека зделката помеѓу Наполи и германски Лајпциг е заокружена на 25 милиони евра. Елмас во германскиот тим ќе има годишна плата од 3 милиони евра, а се сели во јануари, кога и официјално почнува преодниот рок. Според информациите од Италија до крајот на годината Елмас нема да настапува за Наполи, бидејќи има и мало истегнување на мускулот.