Фудбал
„Де Лихт може да дојде во Барса за кратко време“
Френки Де Јонг во интервју за „Де Телеграф“ ја анализираше својата адаптација во Ла Лига и Барселона. Меѓу другото, холандскиот играч од средниот ред не ја исклучи можноста неговиот поранешен соиграч од Ајакс, Матијас де Лигт, сега играч на Јувентус, да заврши во Барселона.
„Де Лигт може да игра за Барса за кратко време. Фактот дека замина во Италија не ја исклучува можноста да игра за Барселона во рок од неколку години, изјави Де Јонг. Тој ја донесе вистинската одлука, добро му оди во Торино“.