Connect with us

Фудбал

Деби со пораз: Тошевски против Зенит во дресот на Ростов

Македонскиот репрезентативец Давид Тошевски го имаше својот прв настап за Ростов во рамки на 2. коло од руската Премиер лига, во дерби дуелот против Зенит.

Нашиот фудбалер средбата ја почна од клупата, а во игра влезе во 85. минута, кога неговиот тим имаше еден гол негатива, со цел да проба да ја изненади противничката одбрана. Тошевски во десетината минути на теренот (заедно со дополнителното време) не успеа да дојде до гол-шанса, а во меѓувреме противникот успеа да постигне уште еден погодок.

За Давид Тошевски дебито е јасен показател колку тренерот на Ростов, Валериј Карпин верува во неговиот потенцијал кој се очекува да го потврди низ актуелната сезона во Русија.