Фудбал
Дефанзивецот кој со 35 години го неутрализираше „Терминаторот“ Халанд: Сега е три пати посилен од првиот пат кога се сретнавме!
Дефанзивецот на Интер, Франческо Ачерби, беше меѓу најконстантните играчи на тимот во финалето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити во саботата. 35-годишниот фудбалер заработи пофалби за силниот настап против Ерлинг Хaланд, кој беше речиси целосно неутрализиран.
-Сега се соочив со Хaланд, кој е двојно посилeн од играчот што беше пред три години кога прв пат се сретнавме“, изјави Ачерби.
Италијанецот зборуваше за дуелот на неговиот поранешен тим Лацио во Лигата на шампионите против Борусија (Дортмунд) во есента 2020 година во Рим. Тогаш двајцата беа стартери, а „орлите“ победија со 3:1. Сепак, Халанд го постигна голот за Германците на Олимпико.

Инаку, Ачерби е разочаран од пропуштената шанса во Истанбул.
„Треба да бидеме горди на постигнатото, но има и одредена горчина. Добро е да се биде во финалето, но ако не го подигнеш трофејот, никој нема да те памети“.
„Мислам дека не сфативме дека всушност можеме да му наштетиме на Сити. Пред натпреварот многу се зборуваше за тоа колку е силен противникот и несвесно плативме за тоа. Мислам дека противникот се плашеше од нас. А сепак направивме се што беше можно пехарот да оди во Милано. Штета…
-Следниот ден, по финалето, не престанав да размислувам што повеќе можевме да направиме. Можеби повеќе нема да имате такви шанси во кариерата. Но, овие резултати се дел од животот. Кога губиш, тоа не е неуспех, тоа е лекција“, заклучи Ачерби.
Тој во моментов е во камп со репрезентацијата на Италија за претстојниот финален турнир во Лигата на нации. Во четврток европскиот првак игра полуфинале со Шпанија, а ден порано ривали во другиот меч се Холандија и Хрватска.